Свинско филе во лиснато тесто

Состојки
1 парче свинско филе (отприлика 400 гр)
250 гр лиснато тесто
250 гр свежи шампињони
1 главица кромид
100 гр пршута

Филето исчистете го ако има жилички и зачинете го. Нека постои така некое време, па испржете го на загреано масло од сите страни.
Печурките заедно со кромидот изблендирајте ги и испржете ги на малку масло. Зачинете по вкус и оставете ги да се изладат.
Ставете едно парче најлонска фолија, наредете ја пршутата, над неа слој од печурките и на средина ставете го филето. Со помош на фолијата завиткајте го во ролат, стегнете го убаво и ставете го во фрижидер петнаесетина минути.


Расучете го лиснатото тесто, во должина и ширина потребна да може да се завитка, да се затвори филето.
Ставете го месото на средина, убаво завиткајте го од сите страни, во фолија и пак во фрижидер на петнаесетина минути.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Лиснатото одозгора премачкајте го со јајце и ставете го да се печи. После 15 минути намалете ја температурата на 180 и продолжете со печење, се до румена боја на тестото.
Сечете кога малку ќе се подизлади, послужете со некоја сезонска салата и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.