Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира за секој обид за манипулација и спин во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани, реагираат од СДСМ.
– Последната комедија на оваа тема се вчерашните изјави на Александар Пандов и вицепремиерот Изет Меџити кои јасно посочија дека вината за бегството и информациите како избегал Рамадани треба да се бара во МВР. Има ли пилот во авионот на Владата? Додека Мицкоски се мачи да ја излаже јавноста дека вината е кај судот, неговиот верен поддржувач Пандов вели дека е во МВР. Кој кога залажува овде?
Мицкоски по повеќе скандали се уште го штити Тошковски кој демонстрира страшна неспособност и мора да си поднесе оставка. МВР е претворено во институција која нема контрола над затворениците, над мирот и безбедноста. Ако на тоа се додаде неспособноста на Панче Тошковски да управува со кризата со пожарите, тој не заслужува да биде во Владата. – велат од СДСМ.