Заменикот на претседателот на Владата, Александар Николоски, денеска во Лондон, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство. Со овој договор, на Македонија ѝ се овозможува пристап до 6 милијарди евра за финансирање на големи капитални проекти во неколку стратешки сектори.
Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата, тепал и минувач кој сакал да ја одбрани
Николоски нагласи дека потпишувањето во историската „Черчилова соба“ во британското Министерство за трговија и бизнис има силна симболика и претставува сигнал за продлабочување на партнерството меѓу двете држави.
Тој го оцени договорот како пресвртница што ќе ја издигне Македонија на ново ниво на развој, овозможувајќи реализација на инфраструктурни проекти во транспортот, образованието, заштитата на животната средина, ИТ секторот и здравството. Обединетото Кралство обезбедува поддршка преку својот Инструмент за надворешно финансирање во износ од 5 милијарди фунти – што претставува најголема економска рамка во историјата на Македонија.
Борел: Израелската влада има геноцидни намери во Појасот Газа
Веќе се подготвени три проекти за имплементација: изградба на брза железница долж Kоридорот 10, нови болнички капацитети, како и нови образовни установи, вклучувајќи и Медицински факултет. Се најавуваат и идни проекти во областа на енергетиката и екологијата.
Николоски посочи дека покрај финансиската поддршка, Македонија ќе има корист и од британското административно и бизнис искуство, што ќе помогне во унапредување на јавната администрација и приватниот сектор во земјата.
На крајот, тој изрази очекување и за потпишување на Договор за стратешко партнерство, кој заедно со овој денешен договор ќе воспостави нова димензија на односите меѓу двете земји – надвор од рамките на НАТО-сојузништвото, насочена кон посилна билатерална соработка.
Пронајдете не на следниве мрежи:



