Ако сакате бадеми, тогаш дефинитивно треба да пробате путер од бадеми.
Иако меѓу путерите оној од кикирики може да се пофали со најголема популарност, и путерот од бадем го добива своето заслужено место меѓу намазите од јаткасти плодови, па дефинитивно треба да му дадете место на вашето мени.
Покрај извонредниот вкус, путерот од бадем може да се пофали со одлични (позитивни) својства и влијание врз здравјето на луѓето, а има мноштво рецепти што ќе го збогатат вашето мени, и нутриционистички, и гастрономски.
Прочитајте зошто путерот од бадем е добар за вас и како да го користите:
Го подобрува здравјето на мозокот
Покрај влакната и фолатите, бадемите имаат широк спектар на хранливи материи како витамин Е, клучна хранлива материја што го забавува стареењето на мозочните клетки што може да влијае на помнењето.
Познато е дека бадемите содржат многу омега-3 масни киселини кои помагаат во одложување на влошувањето на состојбата на мозокот поврзано со стареењето и делуваат како антиоксиданти во мозокот за да се намалат воспалителните процеси и штетните ефекти на слободните радикали.
Покрај тоа, бадемите се богати со витамин Б6, кој помага во производство на хемикалии невротрансмитери кои ја подобруваат комуникацијата помеѓу мозочните клетки. Цинкот, кој го има во изобилство во бадемите, е минерал познат за зајакнување на имуниот систем, што може да спречи бактериски и вирусни инфекции кои можат да ги оштетат мозочните клетки.
Позитивно влијае на нивото на холестерол
Мононезаситените масти, кои путерот од бадеми ги има во изобилство, се еден вид маснотии кои помагаат во регулирање на лошиот холестерол што се таложи во артериите, познат како ЛДЛ (липопротеин со мала густина).
Помага во контролирање на нивото на шеќер во крвта
Гликемискиот индекс на храна покажува колку брзо одредена храна го зголемува нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажаа дека конзумирањето путер од бадем помага во намалување на нивото на гликоза и инсулин.
Научна студија покажа дека путерот од бадем има позитивно влијание врз луѓето со дијабетес бидејќи им помага да ги намалат нивоата на гликоза и инсулин.
Помага во контролирање на апетитот
Поради високата содржина на влакна, една од најголемите придобивки на путерот од бадеми е контрола и потиснување на апетитот.
Јадењето путер од бадем наутро значително го намалува посегнувањето по калорични и масни грицки. Причината за ова лежи во фактот дека путерот од бадем бавно се вари, полн е со хранливи состојки и ќе ве држи сити долго време, што не е случај со грицките полни со јаглехидрати.
Придонесува за здравјето на цревата
Истражувањата покажуваат дека путерот од бадеми, но и самите бадеми делуваат како пребиотици и ги хранат добрите бактерии во нашите црева. Пребиотиците се вид на диетални влакна кои помагаат во одржување на здраво црево и правилно функционирање на дигестивниот систем.
Здравиот дигестивен систем е темел на општото здравје, од влијание врз здравјето на имуниот систем, до позитивно влијание врз расположението, спречување на дигестивни проблеми, немирен и неквалитетен сон до дебелеење.
Помага во одржување на здрава кожа
Путерот од бадем се користел уште од древни времиња како средство за заштита на кожата. Покрај споменатиот витамин Е, кој го забавува стареењето, путерот од бадем е богат извор на цинк, витамин Б и бакар, кои директно влијаат на здравјето и убавиот изглед на кожата.
Помага во одржување на здрави коски
Само една лажица путер од бадем содржи околу 50 мг калциум и 45 мг магнезиум. Истражувањата покажаа дека јадењето бадеми помага во зачувување на калциумот во коските.