четврток, 12 ноември 2026
Најново

Секој приход од издавање на сместувачки капацитети подлежи на оданочување: во екот на летната туристичка сезона УЈП со засилени активности

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи, информираат од таму, спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност.
Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – апартмани, станови, куќи, викендички, соби и сл., како и други сезонски дејности поврзани со туризмот.
„УЈП спроведува повеќе паралелни активности: објавување практични насоки за пријавување на доходот, директна комуникација и поддршка за даночните обврзници, поврзување со други институции на државно и локално ниво и споделување информации и податоци, анализи на ризик и насочени контроли, информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи“.
Целта како што велат, не е само УЈП да укаже на законските обврски, туку да им помогне на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат. Доброволната усогласеност, според нив, претставува основа на современото даночно работење и придонесува за фер конкуренција, еднакви услови на пазарот и поголема доверба во институциите.
УЈП потсетува дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикува сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски.
„Истовремено Управата за јавни приходи ќе продолжи со ризично базирани анализи и контроли со цел да обезбеди еднаква примена на законите и да спречи нелојална кинкуренција кон оние кои совесно ги исполнуваат обврските.
Со фер туристичка сезона и фер пријавување на приходите создаваме еднакви можности за сите и придонесуваме за одржлив развој на туризмот и економијата.

Поврзани вести