Сидни Свини е фотографиран во сосема неочекувано издание и настанал хаос на социјалните мрежи.Најсексапилната жена на планетата, актерката Сидни Свини , која неодамна ја освои титулата „Гламур“ за жена на годината за 2024 година , изненади многумина со својот изглед, откако во јавноста се појавија фотографии.Сепак, нема причина за грижа, бидејќи русокосата убавица само за кратко го „расипала“ имиџот на секс симболот и тоа со оправдана причина. Станува збор за снимање на нов филм во кој таа ќе ја игра познатата боксерка Кристи Мартин.Носеше кратка кафена перика и шал врзан околу главата, а имаше широк дуксер и спортски панталони кои целосно ги покриваа нејзините препознатливи облини.Фотографии од сетот со брзина на светлината се проширија на социјалните мрежи, па коментарите за изгледот на младата актерска ѕвезда не престануваат.„Побогу, што се случи со неа?!“, „Каква трансформација“, „Жената е вистински секс симбол, но уште поголема актерка“, „Најмалку ќе заработи од овој филм“… овие се само некои од нив.
Пронајдете не на следниве мрежи: