Сендвич сладолед

Состојки
36 бисквити
1 пакетче прашок за сладолед со вкус на слатка павлака
1 пакетче прашок за сладолед со вкус на шумско овошје
спрема упатството ладно млеко, плус една чаша
по желба малини или некое друго зрнесто овошје

Подготовка:
1. Секој прашок за сладолед се мати со одредената количина ладно млеко.
2. Во плех се редат, прво бисквити натопени во млеко (4 х 4 и пол кај мене, секако, одговара и 4х4). Се става прво едната врста изматен сладолед, врз него се распоредува овошјето, па потоа другата врста на сладолед. Најгоре се завршува со ред бисквити исто така натопени во млеко.
3. Гледајте секоја бисквита да е во иста положба како долната, за потоа лесно со нож да го исечите сладоледот на парчиња и да дојде совршен сендвич од сладолед.
4. Ставете го 6 часа или преку ноќ да се здрви и сладете се.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.