Серија А: Џенова подобра од Удинезе



Во последниот натпревар од саботната програма од 26. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Џенова како домаќин го совлада Удинезе со 2:0

Домашната екипа дојде до голема предност кон крајот на првото полувреме кога Матео Ретеги во 36, и Матија Бани во 40. минута со „ножички“ и удари со глава погодија за 2:0 во итнервал од четири минути. На почетокот од продолжението Удинезе остана со играч помалку, откако беше исклучен Томас Томасон Кристенсен па остатокот од натпреварот беше формалност.

Џенова сега е 12-та на табелата со 33 бодови, додека Удинезе е 15-ти со 23 бода, само три повеќе од зоната на испаѓање.

Претходно во саботата со истиот резултат 2:0, но на гостински терен, Монца ја совлада Салернитана. Стрелци за победничкиот тим во финишто на дуелот беа Даниел Малдини во 78. и Матео Пасина во 83 минута.

Монца се зацврсти на 11-то место со 36 бодови, а Салернитана и натаму е на дното на Серија А со само 13 бодови и уште отсега веројатно без надежи за опстанок.

Првиот саботен натпревар меѓу Сасуоло и Емполи донесе ефикасен и неизвесен натпревар, а славеа гостите со 3:2. Емпили поведе веќе во 11. инута преку Себастијано Луперто и со минималната предност замина на полувремето. Во вториот дел домашните израмнија во 54. минута преку пеналот што го реализираше Андра Пинамонти, но гостите повторно дојдоа во водсто по десет минути, исто така, од пенал кој во погодок го претвори М’Баје Нианг. Во преостанатите половина час и двете екипи правеа обид да дојдат до погодок, а тоа му се оствари на Емполи во четвртата минута од судсикото продолжение кога погоди Симеоне Бастони.

Сасуоло остана на 17-то место со 20 бодови, исто колку што има и следниот тим на табелата Верона која го држи првото место од кое се оди во Серија Б, но Саусуло има меч помалку. За Емполи ова се важни бодови, затоа што со победата над директниот конкурент во борнбата за опстанок побегна на 25 бодови на 13-то место.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: