-Лежев на плажа и кога најмалку очекував се појави тој, вели водителката
Водителката Јелена Спенџарска неодамна откри дека љубовта ја однела во соседтсвото. Таа во полседно време е повеќе во Грција отколку во Македонија, а причината е голема, нејзиниот партнер Лукас.
Таа за јавноста откри дека нивната прва средба била многу едноставна, ништо спектакуларно не бил првиот ден, но затоа сите следни денови се како од филм. Јелена се запознала со Лукас на еден убав сончев дена, додека била на одмор во Грција.
– Лежев на плажа и кога најмалку очекував се појави тој, раскажа Спенџарска за тоа како го сретнала нејзиното момче.
Викендов тие се заедно, таа не ретко објавува фотографии од него, па така и овие денови го совежи својот профил со фотографии од кои зрачи љубов. До толку е заљубена што објави и „стори“ само со нејзиниот Лукас и едноставно го стави симболот на љубовта, срценце.
Потоа, атрактивната водителка, ги разнежни фановите со оваа фотографија:
– Има луѓе со кои без секунда размислување, седнувате во кола, се селите на другиот крај од светот, градите куќа, стареете зедно…
По оваа објава, се наметнува прашањето, дали сака нешто да ни најави?