Се надеваме дека следната ЕК ќе биде Комисија за проширување и ЕУ наскоро ќе има нови членки


Проширувањето на ЕУ придонесува за долгорочен мир, стабилност, безбедност и просперитет и затоа Европа многу посериозно да го сфати овој процес отколку што беше случај во претходниот мандат, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји во обраќањето на Конференцијата „Кон заедничка иднина“ во организација на Демократскиот самит на Југосточна Европа (СЕЕДЕМ) во Брисел.

– Геополитичкиот и геостратешкиот пејзаж во Европа и околу Европа значително се променија во последните две години и за жал се чини дека овие промени се уште не се завршени. Но, од оваа промена има една позитивна опција, а тоа е што проширувањето стана еден од главните приоритети до сега, не само во ЕУ, туку и околу Европската унија, истакна Верхеји.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вархеји потсети дека на земјите од Западниот Балкан „веќе 21 година им е ветено пристапување во ЕУ“ и може многу да се дискутира зошто процесот траеше толку долго, но сега е јасно дека проширување со регионот и со источните партнери е едно од три приоритети од следниот мандат на европските институции

– Се надеваме дека следната Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки насочени кон ова во текот на годината, за време на институционалната транзиција. Затоа што 21-та година имаа свој данок на сите нас, не само во Европа каде што беше популарно да се каже дека има замор од проширувањето, туку и на Западен Балкан. Имаше свој данок, но сега мислам дека има повик за будење дека ако Европа не го спроведе проширувањето заради себе и заради свој интерес, може да се соочи со ризик да го загуби долгорочниот мир, стабилност и безбедност дури и во Европа, истакна Вархеји, додавајќи дека е крајно време сега да ставиме до знаење ЕУ дека наскоро ќе има нови членки.

Според Вархеји, ЕУ јасно им порача на земјите од Западниот Балкан дека работи уште понапорно за да биде подготвена да ги пречека како нови членки, но дека тоа е процес на исполнување на критериуми и трансформација.

– Можеме да ги сакаме колку што сакаме, но тие (земјите кандидати) мора да ги испорачаат. Ние секако ќе им помогнеме во тоа. Европската Унија може да испорача проширување само откако ќе се исполнат условите, порача Вархеји.

Според него, кога станува збор за проширувањето Брисел сака да зборуваме за институционални прашање – поглавја, одредници, нивно отворање и затворање… што наликува како да возите по автопат и да саката да ги прочитате сите ознаки.

– Тоа нема смисла. Она што има смисла е да знаете каде сакате да стигнете. И затоа вложивме многу јасен и силен напор на другиот дел од целиот процес на проширување, а тоа е вистинската интеграција, како што сакам да ја наречам. Вистинската интеграција, значи општествата и економиите целосно да се интегрираат во европските, затоа што ова е големото прашање на секое проширување. Треба да вложиме напор за да се осигуриме дека овие земји ќе се интегрираат уште пред да влезат во Европската Унија, нагласи Вархеји.

За таа цел, според него, се промените и преговарачкиот процес за да се обезбедат реформи, интеграција и адаптација на европското во националните правни системи, но тука е и Економскиот и инвестицискиот план за Западниот Балкан, кој обезбедува 30 милијарди евра што е приближно една третина од БДП на целиот регион.

– Но, ова нема да биде доволно… и поради таа причина, дојдовме до друга идеја, а тоа е Планот за раст. И идејата зад Планот за раст беше да се обиде да се спроведат сите главни напори што треба да се направат за проширувањето, односно реформите, истакна Вархеји.

Тој најави дека следната недела ќе биде создаден Механизмот за финансиска поддршка на Планот, како и реформските агенди на секоја земја од Западниот Балкан. Со Планот, според него, ќе се помогне да се забрзаат реформите и ќе се создаде можност граѓаните и бизнисите во овие земји да ги почувствуваат придобивките од членството, уште пред целосната интеграција.

– Затоа го додадовме дополнителниот финансиски инструмент на Планот за раст од шест милијарди евра, бидејќи со ова не само што можеме да ги поттикнеме реформите што ги прават овие земји, туку и да им помогнеме да станат конкурентни, истакна Вархеји.

Тој потенцира дека во рамки на овој План за раст и заедно со средствата од Економскиот и инвестицискиот план и поддршката од ИПА фондовите, земјите од регионот ќе добијат значително поголемо ниво помош до 2027 година.

– Од тој датум натаму, ништо не ќе го спречува Западниот Балкан да биде подготвен за влез во Европската Унија. Така, мислам дека следната Комисија ќе биде полна со предизвици, но ќе ја има убавината да посака добредојде на нови членки, заклчи Вархеји.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: