Се намалува стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци од 18 на 10 проценти

Loading...

Се намалува стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци од 18 на 10 проценти.

Една од мерките на Владата од новиот пакет за економска помош е и намалувањето на ДДВ за угостителите.

Дали ќе поефтинат сметките во кафулињата и рестораните?? Мерката ќе стартува од 1 јануари.

Стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%.

Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци.

За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе започне со имплементација од 1 јануари наредната година.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...