Амбасадорот во Шведска и поранешен министер за надворешни работи и одбрана на Литванија, Линас Линкевичиус денеска изјави дека рускиот град Калининград ќе биде „неутрализиран“ доколку Русија се осмели да го предизвика НАТО.
- Обвинителството бара исклучување на јавноста од случајот за убиството на Вања и ПанчеОбвинителката даде предлог за искчучување на јавноста од целата главна расправа бидејќи исклучувањето на… Read more: Обвинителството бара исклучување на јавноста од случајот за убиството на Вања и Панче
- Втор бран експлозии на комуникациски уреди во ЛибанИзраелската војска соопшти дека нападнале различни инфраструктури на Хезболах во јужен Либан, вклучително и… Read more: Втор бран експлозии на комуникациски уреди во Либан
- „Делта ерлајнс“ ги прекинува летовите САД-Израел до крајот на 2024 година поради ескалација на тензиитеДелта ерлајнс“ соопшти дека ги прекинува директните летови меѓу Њујорк и Тел Авив до… Read more: „Делта ерлајнс“ ги прекинува летовите САД-Израел до крајот на 2024 година поради ескалација на тензиите
- (Видео) Напад cо нож во Pотердам: Има мpтви, напаѓачот извикyвал „Алаxу акбаp“Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што… Read more: (Видео) Напад cо нож во Pотердам: Има мpтви, напаѓачот извикyвал „Алаxу акбаp“
- ПЕКОЛ ЗА УКРАИНА! ДОСЕГА ОСТАНA БЕЗ ПОЛОВИНА ОД ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Во зима ќе нема струја и вода!Во пресрет на средбите меѓу Володимир Зеленски и првиот човек на Европската комисија, оваа… Read more: ПЕКОЛ ЗА УКРАИНА! ДОСЕГА ОСТАНA БЕЗ ПОЛОВИНА ОД ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Во зима ќе нема струја и вода!
- Откако Шведска стана членка на Алијансата, Балтичкото Море стана внатрешно море на НАТО. Ако Русија се осмели да го предизвика НАТО, Калининград би бил првиот што ќе биде „неутрализиран“ – напиша Линкевичиус на социјалната мрежа Х.
After #Sweden was integrated into the Alliance, the Baltic Sea became an internal #NATO sea. If #Russia dares to challenge NATO, Kaliningrad would be "neutralized" first. Russia's previous false accusations that it is surrounded by NATO are now becoming a reality. pic.twitter.com/f3ftiMO4ED
— Linas Linkevicius (@LinkeviciusL) February 27, 2024
Тој додаде дека претходните тврдења на Русија дека е опкружена со НАТО „сега стануваат реалност“.
Унгарскиот парламент вчера го ратификуваше барањето на Шведска за членство во НАТО, со што беше надмината и последната пречка за проширување на Алијансата во таа скандинавска земја.
По потпишувањето на документите во Вашингтон, Шведска ќе стане 32-та членка на НАТО.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.