недела, 15 ноември 2026
Најново

За мнозинството Германци поддршката на Маск за АфД е во корист на партијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поддршката на милијардерот Илон Маск за ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) има позитивен ефект за партијата пред изборите што се закажани на 23 февруари, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот „ЈуГов“ (YouGov) изработена за германската новинска агенција ДПА.

Според анкетата, 59 проценти од испитаниците изјавиле дека поддршката од Макс е во корист за АфД, четири отсто навеле дека тоа ќе наштети на партијата, за 24 проценти тоа ќе нема некаков ефект, а 13 отсто изјавиле дека не се сигурни.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Маск, близок советник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и голем политички донатор, неодамна предизвика контроверзии откако ја објави својата поддршка за АфД „Алтернативата за Германија“ во неговата платформа X, а подоцна и во авторски текст во весникот „Велт“.

Сепак, истражувањето покажа дека многу луѓе не очекуваат коментарите на Маск на социјалната мрежа да имаат големо влијание врз претстојната изборна кампања.

Половина од анкетираните оценија дека влијанието на Маск ќе биде минимално, а 13 проценти изјавија дека неговите коментари воопшто нема да влијаат на кампањата. Спротивно на тоа, 27 отсто сметаат дека неговото влијание ќе биде значајно.

Дури 63 отсто од испитаниците навеле дека поддржуваат барем одредена регулација на социјалните медиуми за да се спречи странско влијание во изборите, но мнозинството поддржувачи на АфД (58 проценти) се против оваа идеја.

Анкетата е спроведена од 3 до 6 јануари при што учествувале 2.246 лица на возраст над 18 години. Статистичката грешка е во рамките на 2,07 проценти.

За утре е предвидено Маск онлајн да разговара со кандидатката за канцелар од АфД, Алиса Вајдел.

Поврзани вести