Еден затвореник е полесно повреден во пределот на раката при „блиска“ средба меѓу две групи на затвореници што се случила денеска во затворот во Шуто Оризари, објави Телма.
Инцидентот, како што појаснуваат, се случил при разминување на двете групи на дневна прошетка, но ситуацијата набрзо била ставена под контрола по интервенција на затворското обезбедување.
Повеќе детали засега не се соопштуваат.
Извори од затворот од Шуто Оризари за Телма истакнаа дека во тек е истрага за причините и начинот на кој се случил инцидентот, а се прегледуваат и снимки од безбедносните камери по што, како што најавија, ќе следува и официјално соопштение.