Сигурно ќе се изненадите! Ова е – научно докажано – идеална разлика во годините

Пред неколку години, Универзитетот Емори во Атланта спровел студија во која математички се утврдила совршената разлика во возраста помеѓу партнерите, односно онаа што се смета за „рецепт“ за среќен брак.
Во истражувањето во кое учествувале 3.000 луѓе, од кои сите барем еднаш биле во брак, докажано е дека колку разликата во години е поголема, толку е поголема и веројатноста за развод.
Така се покажало дека паровите помеѓу кои разликата е повеќе од 5 години се разведуваат во 18 отсто од случаите, тие помеѓу кои разликата е 10 години во 30 отстои од случаите, додека е проценето дека веројатноста за разделување кај паровите со разлика од две децении и повеќе е – дури 95 отсто!
Годините не се единствениот фактор кој е истражуван – научниците вклучиле и други параметри, како тоа дали пред брак имале деца, имаат ли заедничко потомство, колку пари потрошиле на венчавка, какво образование завршиле… Интересно, се покажало и дека веројатноста за развод на сопружниците кои имаат големи разлики во степенот на образование е 43 отсто.
Во оваа обемна студија, било откриено дека идеалната разлика во годините е само една година, бидејќи на нив им биле дадени само три проценти веројатност дека ќе се разделат.
Се разбира, дали двојката ќе опстане зависи од тоа дали имаат исти цели и вредности, и во сето тоа има исклучоци, зарем не?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.