СИЛУВАЛ И УБИЛ ДЕВОЈКА Ново страшно злосторство ја шокираше Франција: Кога полицијата дошла кај убиецот тој рекол: „ЗНАМ ЗОШТО СТЕ ТУКА“

Франција беше шокирана од силувањето и убиството на 14-годишното девојче на југот на земјата, само неколку недели по бруталното убиство на 12-годишната Лола Давија во Париз.

Во петокот полицијата го уапси Ромен Шеврел (31), кој е осомничен за силување и убиство на Ванеса (14). Тој насилно ја внел во својот автомобил тој ден откако го напуштила училиштето во јужниот град Тонен.

СИЛУВАЛ И УБИЛ ДЕВОЈКА Ново страшно злосторство ја шокираше Франција: Кога полицијата дошла кај убиецот тој рекол: „ЗНАМ ЗОШТО СТЕ ТУКА“

Тој го оставил телото на девојчето во напуштена куќа, но полицијата успеала брзо да го идентификува со помош на камери за надзор, соопштија властите.

„Кога полицијата отиде да го уапси во неговиот стан во градот Марманд, тој рече дека „знаел зошто се тука“ и го признал делото“, рече обвинителот, пренесе Ројтерс.

Осомничениот веќе и е познат на полицијата. Имено, тој е осуден на условна 15 дена за сексуална агресија врз друга малолетничка во 2006 година, кога осомничениот имал само 15 години.

Новото убиство доаѓа само неколку недели откако Франција беше потресена од бруталното убиство на 12-годишната Лола Давиет во Париз, чие тело беше пронајдено во куфер во близина на нејзиниот стан.

Главниот осомничен во овој случај, 24-годишна жена, е обвинета за убиство, силување и тортура.

Убиството на Лола стана извор на политичка тензија, при што опозициските партии го искористија профилот на осомничената – илегален имигрант – за да повикаат на построги имиграциски политики.

Во двата случаи, екстремно десничарската опозиција ги критикуваше судските и политичките власти дека се меки кон криминалот и дека не прават доволно за да ги тргнат опасните поединци од улиците.

Данте Ринодо, градоначалникот на Тонен, во понеделникот им изјави на новинарите дека родителите на девојчето, кои се со колумбиско потекло, сакаат да ја погребаат нивната ќерка во Гранада, Шпанија, каде семејството живеело неколку години пред да се пресели во Франција, пишува „Телеграф“.

Тој рече дека започнал онлајн кампања за собирање помош за семејството, а во петок ќе се организира марш во градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.