Симптоми кои откриваат дека внесувате премногу шеќер во организмот

Шеќерот има многу калории, но тие немаат никаква прехранбена вредност. Иако го има во многу намирници, постои можност да го избегнете.
Преголемото внесување шеќер остава сериозни здравствени последици по здравјето, а дебелината е една од нив, пишува Bright Side.
Проверете дали имате некои од следните симптоми на претерано внесување шеќер во организмот.
1. Акни
Храната која содржи дополнителни шеќери предизвикува брз раст на инсулинот и започнува врзување на шеќерот на протеински молекули. Штом глукозата влезе во крвта започнуваат низа комплицирани физиолошки процеси кои на крајот може да предизвикаат воспаленија на кожата. Овој пораст на инсулинот може со текот на времето да ја зголеми активноста на лојните жлезди на кожата и да предизвика воспалителни процеси.
Тоа значи дека исхраната богата со шеќери носи дополнителен ризик од создавање на акни.
2. Проблеми со забите
Некои од штетните бактерии во устата можат да се хранат со шеќери. Така нивото на киселина која се прозиведува во устата може да се зголеми и да ја оштети глеѓта.


Кога тој заштитен надворешен слој ќе се трошо зголеменото ниво на киселина може да доведе до создавање кариес.
3. Болки во зглобовите и мускули
Ако постојат болки, трнења и отекување на нозете со појава на црвенило тоа може да биде една од последиците, оштетување на нервите.
4. Желба за слатко
Ако јадеме големи количини слатка храна високото ниво на шеќер во крвта спречува глукозата да влезе во клетките. Поради тоа телото нема енергија и постојано бара нешто слатко. По внесувањето на одредена доза шеќер се чувствува голем наплив на енергија, но брзо опаѓа. А, кога ќе падне личноста се чувствува исцрпено бидејќи таа доза нема прехранбена вредност и не може долго да го одржи чувството на ситост.
5. Надуеност
Истражувањата покажаа дека понекогаш шеќерот не се вари целосно во тенкото црево. Кога ќе дојде во дебелото црево може да ферментира и да доведе до гасови, грчеви и болна надуеност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.