Сведоците велат дека Пакс се пожалил на болки во колкот и повреди на главата, поради што итно бил префрлен во болница.Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс Џоли-Пит е повреден во тешка сообраќајна несреќа и итно е хоспитализиран.Според медиумите, Пакс (20) бил на својот електричен мотор кога удрил во автомобилот. Несреќата се случила во Лос Анџелес.Според извештаите, Пакс во моментот на судирот не носел заштитен шлем и се пожалил на главоболка.Како што соопшти полицијата за ТМЗ, несреќата се случила околу 17 часот на раскрсницата на две екстремно фреквентни улици. Пакс удрил во багажник кој бил запрен на семафор.Возачот на автомобилот веднаш излегол од возилото за да види што се случило со Пакс, а набрзо на местото на несреќата пристигнала полицијата и екипите на итната помош.Очевидци наведуваат дека Пакс се пожалил на болки во колкот и повреди на главата, поради што итно бил префрлен во болница.Се стравуваше дека Пакс има мозочно крварење, но синот на познатата холивудска двојка сега е стабилен.Пакс е четврто од шесте деца на Бред и Анџелина. Медиумите пренесуваат дека тој во последно време е виден како крстосува со својот електричен мотор и дека речиси никогаш не носи кацига.
Пронајдете не на следниве мрежи: