Нутриционистите и сите ние сме полни со знаење за протеините, шеќерите, витамините, минералите и сето тоа, а не ни е гајле на кој тип на луѓе припаѓаме.
Без да навлегуваме во поголеми детали, ќе ги спомнеме симптомите на слаб метаболизам:
• После јадење чувствувате непријатност во стомакот
• Проверете си го јазикот наутро и видете дали имате отпечатоци од забите од страните на јазикот
• Дали користите повеќе од еден лист тоалетна хартија по вршење голема нужда?
Ако ги имате овие симптоми, треба да ги преземете следниве чекори:
• Намалете ги или елиминирајте ги ладните пијалaци и храната
• Јадете повеќе готвена отколку свежа храна
• Пијте кафе и / или чај на полн стомак, а не на празен стомак
• И избегнувајте „ладна“ храна. Ова можеби е нов концепт за некои од вас, па еве објаснување. Ладна (јин) храна е онаа што расте на помалку сонце, што е солена, чиста, богата со калиум, сочна и влажна. На пример: банана, грејпфрут, ананас, јаболка, круши, лубеница, домат, краставица, јагоди, ротквица, брокула, карфиол, тиквички, мешунки, јачмен, јогурт, белки, сол, итн, итн.
Илјадници години, човекот јаде готвена храна и промовирање на сировата храна, без оглед на вашиот тип, им оди во прилог само на продавачите на книги за сирова храна.
Предноста на сировата храна се ензимите. Ги има многу во свежата, сирова храна и навистина се „фактори за живот“. Тоа не значи дека треба да јадеме само сирова храна. Можеме, ако немаме некој од горенаведените симптоми.
Многу е важно оние што промовираат јадење сирова храна да проверат сами – искрено и без предрасуди – дали се чувствуваат добро; да проверат не дали не се болни, туку дали се ЗДРАВИ (здравјето не е отсуство на болест). Ако таквата исхрана не им донесе целосно и енергично здравје, тогаш за нив е подобро да ја испитаат можноста за некои прилагодувања.