„Систина“, „Брако“, Кромберт и Шуберт“, „Спорт лајф“, „Дурмо турс“ и други се меѓу фирмите кои што добија државна помош за плати од 14.500 денари

Loading...

„Систина“, „Брако“, Кромберт и Шуберт“, Спорт лајф“, „Дурмо турс“ и други се меѓу фирмите кои што добија државна помош за плати од 14.500 денари

„Кромберт и Шуберт доби 1,2 милиони евра а „Гентерм“ од Прилеп над 420 илјади евра. Ова се компании на списокот на фирми на кои им беа префрлени по 14.500 денари за вработените, поради негативните ефекти од корона кризата.

Велешки „Брако“, компанија на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев добила околу 106.000 евра. На листата се наоѓа и Аџибадем Систина на бизнисменот Орце Камчев која добила 142.000 евра.

По над 100.000 евра добиле многу обложувалници и казина – Спорт лајф е во првите пет компании со 183.000 евра, Делта Бет“ над 132.000 евра, Сенатор 131.000 евра, Принцес хотел и казино од Гевгелија добиле 120.000 евра. Интересно е да се спомене дека пари добила дури и компанијата Дурмо турс за која се води судски процес за несреќата кај Ласкарци.

ИВЗ – Муфтивството од Прилеп исто така зело нас 32.000 евра.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...