Првите сончеви денови на одмор и првите изгореници. Не сте подготвени или едностано мислите „не е силно сонцето“ лесно ќе доведе до црвена кожа. Дерматолозите советуваат да го пробате лекот кој сигурно го имате во секој момент во дофатот на рацете.
Најдобар и проверен лек е ладно млеко од ладилник. Според советите дерматолозите, облога од ладно млеко лесно ќе го ублажи црвенилото, печењето и болката.
-Направете облога од ладно млего и нанесете на болните, црвени места. Вашата кожа може да почне да се лупи ако сте премногу изгорени. Најважни се протеините од млекото кои ќе ја излечат вашата кожа, рекол дерамтологот Зајкер.
Витамините и лактозата од млекото ќе помогнат кожата да се опорави, а многу брзо ќе го ублажи и непријатното чувство на топлина.
Најдобро е да земете газа која ќе ја потопите во ладно млеко. Штмо облогата се засуши, направете нова и менувајте се додека болката не се намали.