Сите обожуваме мусака, но ваква малкумина пробале

Мусаката е омилено јадење на балканските простори. Освен рецептите за онаа со компир, многумина сакаат и грчка мусака, а новиот кулинарски тренд е т.н. персиска мусака, односно иранска мусака.
Ова јадење се прави без компири, од стар леб, мелено месо, печурки, павлака за готвење и кашкавал, а со вкусот ќе ве освои на прв залак. Доколку имате дилема што да подготвите за ручек, тогаш изборот може да ви биде токму оваа мусака.

Состојки:

  • 3 парчиња стар леб;
  • 400 грама мелено месо;
  • 50 милилитри млеко;
  • 2 јајца;
  • 300 грама шампињони;
  • млад кромид;
  • 200 милилитри павлака за готвење;
  • 200 грама кашкавал;
  • сол, бибер, суви зачини.

Подготовка:
Издробете го стариот леб, па на кратко потопете го во млеко и добро исцедете го. Ставете го во огноотпорен сад во кој претходно сте ставиле масло за јадење.
Исчистете го младиот кромид, исечкајте го, па кратко динстувајте го во тава. Додадете го меленото месо и шампињоните, па пржете уште неколку минути.
Потоа додадете го зеленчукот, две жолчки и 100 милилитри павлака за готвење, па сол и бибер и сувите зачини, па ставете ја смесата над натопениот леб во садот.
Ставете го садот во рерна и печете 30-на минути на 200 степени Целзиусови.
Потоа извадете го садот од рерна, прелијте ја мусаката со белките, изрендајте кашкавал и додадете ја останатата павлака за готвење.
Вратете го садот во рерна уште 15-на минути.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.