Скриени разговори на Viber: Трикови кои го олеснуваат животот

Дали сакате да скриете некој разговор (chat) на Viber? Нема проблем, само следете ги овие едноставни упатства.
Скријте го разговорот
Отворете го разговорот што сакате да го скриете од екранот, а потоа изберете ја опцијата за информации за разговорот. Изберете Скриј го овој разговор. Кога ќе ви биде побарано, поставете свој PIN-код (ако користите iPhone, можете да користите и Touch ID). Разговорот сега е скриен.
Отворете го скриениот разговор
Отворете ја апликацијата Viber, па внесете го PIN-кодот во полето за пребарување. Погледнете го списокот на скриени разговори и изберете го оној што сакате да го отворите.
Откријте го скриениот разговор


Отворете го разговорот. Отворете го екранот со информации за разговорот. Изберете Откриј го овој разговор. Внесете PIN или скенирајте го својот Touch ID (iPhone). Разговорот повторно ќе се појави во апликацијата на вообичаен начин.
Известувања за скриениот разговор
Кога ќе примите порака во скриен разговор, ќе добиете само известување дека „имате нова порака“, но не и она што го пишува, како кај другите. За да го прочитате, отворете го Viber, а потоа внесете PIN во полето за пребарување.
Променете го PIN-кодот
Отворете ја апликацијата, а потоа изберете Повеќе. Изберете Поставки -> Подесување -> Скриени разговори -> Промени PIN. Внесете го актуелниот PIN и променете го во даденото поле.
Имајте на ум дека ако го ресетирате PIN-кодот, сите ваши скриени разговори ќе бидат избришани.
Скриени разговори на вашиот компјутер или таблет
Скриените разговори не се достапни на Viber за компјутер или таблет. Не можете да скриете разговор на овие уреди и ако сте го сокриле преку телефон, тој нема да ви биде достапен преку вашиот компјутер или таблет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.