Сладолед од авокадо и лимета – егзотичен вкус

За сите љубители на сладолед – одличен рецепт.
СОСТОЈКИ:
1 зрело авокадо
250 мл слатка павлака
250 гр густ јогурт
4 лажици шеќерен сируп
1 бурбон ванилин шеќер
1 лимета


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Добро измиксајте авокадо со малку слатка павлака, а потоа разматете го остатокот од слатката павлака. Додајте шеќерен сируп, густ јогурт, авокадо, ванилин шеќер, сок и кора од една лимета.
Сѐ добро измешајте, а потоа ставете во сад и оставете во фрижидер да замрзне. Сервирајте со малку свежо нане.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.