Слатко-солено пилешко со брокула

500 г пилешки гради
600 г брокула
6 лажици мед
4 лажици кечап
4 лажици кафен шеќер
3 лажици соја сос
2 лажици Балсамико оцет
1 лажичка лук во прав
30 г запечен сусам
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Измешајте ги медот, кечапот, оцетот, соја сосот и лукот. На маслиново масло во вок тава на оган 10-тина минути пржете го пилешкото исечено на парчиња и зачинето. Додадете ги цветовите брокула и  прелијте со сосот. Динстајте околу 5 минути, повремено промешувајќи додека пилешкото и брокулата да омекнат.
Сервирајте и наросете со сусам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.