Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според Библијата, на овој ден, се отворило небото и се слушнал божјиот глас.
Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник, на 19 јануари треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.
Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става име на симпатијата, а едно топче останува празно.
Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе ја кажува судбината.