Словенечката премиерка Аленка Баратушек изјави дека нејзината влада напорно работи на изработка на програмата за реформи и финансиска стабилизација кои конкретно ќе ги претстави на почетокот од мај, а најави и почеток на приватизација на државната сопственост.
„Во трите седмици од стапнувањето на новата влада не е можно да се поправи сé што претходно било погрешно сторено”, изјави словенечката премиерка Аленка Братушек на прес-конференција во петокот.
Додала дека нејзината влада наишла на полоша состојба на државниот буџет од претходната влада, дека најверојатно ќе биде потребен ребаланс на буџетот, како и зголемува на некои даноци, најверојатно данокот на додадена вредност (ДДВ), но дека ќе се продолжи со основање слаба банка за санација на банкарскиот систем и со програмата за финансиска стабилизација, како и со првите чекори за приватизација на дел од државната сопственост.
Според Братушек, владата на парламентот идните две седмици ќе му го достави предлогот за приватизација на две поголеми компании во државна сопственост, додавајќи дека нејзина желба е да биде продадена и една од банките.
Кога станува збор за моменталната ситуација на Словенија на финансискиот пазар и високите приноси на нејзините државни обврзници, што во моментот го оневозможува нејзиното задолжување по прифатливи каматни стапки, премиерката Братушек рекла дека претходната влада на Јанез Јанша згрешила штоп не се решила за издавање државни обврзници во јануари, кога средствата можело да се добијат по поповолни услови.
Истакнала дека во текот на разговорите водени во Брисел во вторникот договорила на Словенија да и' биде продолжен рокот за предавање на програмата за спроведување а реформите и финансиската стабилизација до 9-ти мај, но дека не ја исклучува и можноста програмата да биде завршена и пред овој датум
„Новата влада не може да ги урива проектите на претходната и да започнува до почетокот, а со реформите треба да се продолжи.”, изјавила словенечката премиерка Аленка Братушек, но додала дека концептот на слаба банка за санација на банкарскиот систем, кој го подготви претходната влада, не содржел правилни калкулации и дека е неопходно тој да биде доработен.
Makфакс
Словенечката премиерка Аленка Баратушек изјави дека нејзината влада напорно работи на изработка на програмата за рефор