Како што ви најавивме во текстот: Мицковски преку Косана Николиќ со обид да ја амортизира Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ следува СМС комуникацијата, односно одговорот на Косана од страна на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ (имаме дозвола СМС пораките да ги објавиме од испраќачот).
Да се потсетиме. Денеска беше направен груб, неетички, неморален и несоодветен обид преку Косана Николиќ да се пристапи на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од таму. Дознаваме дека Косана имала инструкции од Мицковски да се направи средба на „второ ниво“. Веројатно поради тоа што тој е зафатен со тајни средби со Али Ахмети…
Пребргу заборавија овие од „раководството“ од „Белата палата“ седејќи во облаци, дека членството не ги есапи и дека самото си тргна по пат различен од нивниот, различен од калкулантството, политиканството и водењето тајна политика со Али Ахмети и сличните на него. Спротивно на сето ова Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ е во непосреден контакт со членството и во постојани консултации. Сознанијата говорат дека јазот помеѓу членовите и раководството никогаш не биле поголеми. Лажниот триумфализам само уште повеќе ја загрозуваат иднината на партијата која нема контрола врз своите пратеници кои отворено излегоа на референдумот, а сега по пропаѓањето на истиот со лош Пиар се вадат, односно колнат дека нема да ја повторат грешката…
Еве го одговорот од Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ. „Ние не прифативме тајни разговори на нивото на Косана Николиќ. Нема зошто. Оти партијата не е ниту на нивоа, нити тајна приватна организација, нити е ДООЕЛ иако некои како таква ја третираат. Ние можеме да прифатиме само отворени и чесни разговори за иднината на партијата со чесни ВМРОВЦИ од другата страна. Ако има такви.“