Снижени прогнозите за извозот и увозот на Германија

Германското трговско здружение BGA ги снижи во понеделникот прогнозите за раст на германскиот извоз и увоз во оваа година, истакнувајќи дека должничката криза во еврозоната силно го погодува германскиот извоз, при што посебно загрижуваат прогнозите за Италија.

Германското здружение за големопродажба, трговска размена и услужен сектор сега очекува раст на извозот за три отсто во 2013 година, наспроти во ноември кога беше предвидуван раст од пет отсто. Притоа се наведува дека германскиот удел во глобалниот извоз на стоки благо се намалува.Истовремено е намалена прогнозата за раст на германскиот увоз, кој оваа година би требало да порасне за само еден отсто, наспроти првично очекуваните 5,5 отсто, што воглавно се припишува на падот на цените на енергентите и курсните разлики.Претседателот на здружението Антон Бернер истакна дека должничката криза во еврозоната силно ја погодува побарувачката за германски производи, а се очекува рецесијата веројатно да се продлабочи во јужна Европа во краткорочна перспектива. Тој притоа искажа прилична загриженост во врска со изгледите за Италија.„Натамошниот развој на состојбата во еврозоната ќе биде одлучувачки за одржливо  подобрување на состојбата во трговијата. Засилено сум песимистичен во поглед на способноста за реформа во државите кои силно се погодени со должничката криза. Состојбата во Италија не ветува ништо добро, со оглед дека главните сили во општеството, се чини, не се заинтересирани за сеопфатни структурни реформи“, изјави Бернер.
Макфакс
Германското трговско здружение BGA ги снижи во понеделникот прогнозите за раст на германскиот извоз и увоз во оваа година,

Пронајдете не на следниве мрежи: