СОБОРЕН МОЌЕН РУСКИ БОМБАРДЕР: Украина го погоди Су-24 кај Змискиот остров ХЕЛИКОПТЕРОТ ЗА СПАСУВАЊЕ НЕ НАЈДЕ ПРЕЖИВЕНИ

Украинската воздушна одбрана наводно соборила руски тактички бомбардер Су-24М над Црното Море!

Генералштабот на украинската војска го потврди соборувањето, што наводно се случило минатата среда, но не откри детали за вооружениот систем користен во пукањето, ниту детали од конфликтот.

Украинските медиуми, пак, повикувајќи се на одредени воени блогери, јавуваат дека рускиот авион бил погоден со проектили од американскиот одбранбен систем Патриот во „воздушна заседа“ во близина на Змискиот остров, кој се наоѓа на околу 40 километри од Одеса.

Руски воени блогери ја потврдија загубата на Су-24. Некои објавија дека спасувачки хеликоптер Ми-8 долетал од регионот на Крим и барал преживеани членови на екипажот, но безуспешно. Во зима, температурите на водата во Црното Море се малку над нулата и се сметаат за смртоносни за незаштитен пливач за половина час или помалку.

Според официјалните податоци, вооружените сили на Украина имаат само три целосно модерни противвоздушни системи со долг дострел – еден систем Патриот дониран од САД, друг систем Патриот дониран од Германија и италијанско-францускиот систем SAMP/T испратен од Париз.

Вистинските локации на позициите на Украина за воздушна одбрана се воена тајна.

Воените блогери тврдат дека по соборувањето на рускиот авион, батеријата АФУ Патриот ја евакуирала својата позиција за гаѓање во областа Одеса и се преселила на нова локација заради криење.

Ретки се тврдењата на Киев за соборување на Су-24. Украинската армија тврди дека од почетокот на годината соборила четири бомбардери.