Совети за поголема делотворност на зелениот сок

Кашестите и цедените зелени сокови кои се мешаат со миксер, а се со основа – вода, растително млеко, исцеден сок од портокал или јаболко, според стручњаците, се исклучително здрави за човековто тело.
За едноставен зелен кашест сок, потребни се: чаша растително млеко, чаша свежи лисја спанаќ или блитва, 1-2 киви, банана – по желба. За едноставен зелен исцеден сок, ќе Ви треба: зелено јаболко, три стебленца лисја од целер, парче ананас и, по желба – малку корен од ѓумбир.
Зелениот сок од пулпа е горчлив токму поради влакната кои ги содржи, па затоа често се додава банана или урми (без семки). Најубавиот исцеден сок се добива во соковник, којшто ги отстранува влакната, но задржува повеќе витамини, минерали и ензими, особено со тн. „ладно потиснување“.
Зелените сокови му помагаат на телото да се одржи во живот и да ја зачува својата природна рамнотежа – го алкализира го телото, му дава енергија, го чисти од токсини и тешки метали, го задоволува апетитот, спречува оштетување на ДНК-та, намалува воспаленија и – лекува анемија. Сокот се пие полека заради побавен процес на варењето на храната, кое започнува во устата.
Следат неколку совети за правење зелени сокови…
Експериментирајте со комбинации на вкусови, но не ставајте премногу различни намирници во еден сок. Овошјето и зеленчукот, ако не се од органско земјоделство, препорачливо е секогаш да бидат излупени и исечкани на помали парчиња пред да одат во соковникот.
Најдобар додаток на сокот се бобинки, поради големата количина на антиоксиданти. Може да додадете авокадо за да се добие покремаст сок, или банана. Јаболкото, пак, и лимонот во исцедениот сок, исто така се препорачуваат.
Може да се додаде и лажичка природен засладувач, па и јачмен, пченична тревка, како и коприва – заради поголема доза на хлорофил во сокот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.