Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Војската на Косово

Loading...

Седница на Советот за безбедност на ОН ќе се одржи денес на барање на Русија и Србија. Седницата е   посветена на формирањето на косовската Војска, а свое обраќање ќе имаат претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
Во саботата Вучиќ изјави дека ќе присуствива на седницата на Советот за бебзедност „за да ја каже вистината за тоа колку труд и енергија вложила Србија за да биде постигнат компромис, а колку другите не го сакале тоа“.
– Ќе се обидам да кажам дека го прифативме Бриселскиот договор, како тежок договор и се изнесовме на наш грб, затоа што знаевме дека на Србија и е потребен мир, нагласи Вучиќ, додавајќи дека на Србија не и требаат нови судири и војни.
Тој исто така дополни дека Србија ги исполнила сите „тешки услови“ од Договрот од Брсиел, а Приштина, според него, ниту еден.
Со својата вистина на седницата оди и Тачи. Како што најави синоќа на седницата на Советот за безбедност на ОН „ќе ја каже вистината“ дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Восјка не е причина на страв, туку за прослава, бидејќи „ја потврдува посветеноста на Косово на мултиетничките институции. Според него, Приштина сега треба да се насочи кон обезбедување членство на Косово во ОН.

loading...