Дерматологот Дебра Џалиман, рекла дека никогаш на плажа не оди без козметика со заштитен фактор. Посебно ја истакнала крем пудрата во прав со заштитен фактор, која нема да ви ги затвори порите, а можете да ја ставите и на темето. Интересно, зарем не?
Втора работа на нејзиниот список била кремата за сончање, особено ако содржи цинк и титаниум диоксид, кои ја заштитуваат кожата од UVA и UVB зраците.
Без шешир никако не оди на плажа. Ве советува да ги побарате оние на кои пишува дека нудат заштита од ултравиолетовите зраци, кои се широки и кои можат да ви го заштитат лицето, но и рамената кои се изложени на нив.
Очилата со UV заштита се дел од основните потреби за излегување на плажа. Докторката советува дека заштитата треба да биде барем UV400, кога сте изложени на сонце.
Марамиците за чистење на лицето се исто така дел од нејзината опрема, бидејќи вели дека со нив најлесно можете да ја отстраните нечистотијата од лицето која ви се собира од плажата, а исто така ќе се освежите. Секако, откако ќе ги употребите, нанесете нов слој крема за сончање.
Последната работа на нејзиниот список е фустан или наметка со кој можете да се заштитите. Докторката појаснила дека во продавниците може да се најде облека која има т.н. UPF фактор, што означува количина на UVA и UVB зрачењето, кое преку облеката поминува до кожата.