Совршена летна пица со моцарела, босилек и пченка

Доколку сакате да испробате нешто ново и интересно, поедноставнета верзија на пица со помалку тешки состојки за летниот период, го имаме вистинскиот рецепт за вас.
Тенко, крцкаво тесто, многу доматен сос, моцарела, босилек и пченка. Совршена комбинација, лесно и вкусно.
Потребни состојки:
1 готово тесто за пица (или домашно ако сте вешти)
3-4 лажици доматен сос
½ шолја свежо рендана моцарела
Неколку шери домати пресечени на половина
225 g дополнителен кашкавал по желба
Малку пченка (свежа или од конзерва)
Сол и бибер по вкус
Неколку свежи ливчиња босилек


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 250°C. Ставете го тестото врз хартија за печење.
Додадете го доматниот сос врз тестото. Ставете го кашкавалот и моцарелата, зачинете по желба и печете 10-12 минути додека сирењето и кашкавалот не започнат да прават меурчиња, а кората не стане златножолта.
Извадете ја пицата од рерната и веднаш додадете ги шери доматите, пченката, босилекот и сосема малку сол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.