Направете совршен прилог за месо.
СОСТОЈКИ:
2 лажици маслиново масло
2 главици кромид
2 лажици путер
1 лажиче сецкана мајчина душица
3 јајца
1 лажица брашно
1/2 лажички сол
1/4 лажички бибер
1 шолја павлака за готвење
ПОДГОТОВКА:
Се загрева масло со путер во тава, се додава сечен кромиц и мајчина душица. Се пржи додека кромидот да стане кафеавкаст.
Се загрева рерна на 180 степени.
Се матат јајца со сите суви состојки со миксер, па се додава павлаката.
Се подмачкува плех и се става кромидот, па смесата со јајца.
Се пече 40 минути.