Штотуку се разбудивте и не ви се допаѓа погледот во огледало. Темните подочници се доказ за недоволното спиње по бурно помината ноќ. За ова постои многу едноставен трик со сода бикарбона.
Имено покрај примената во прехранбената индустрија и кујната, може да се користи како додаток во многу препарати за хигиена и нега на лицето и кожата. Таа еден од најефтините продукти кои можете да ги најдете и да ги користите за различни цели. Со нејзе можете да го намалите ризикот од акни, да ѝ го вратите сјајот на кожата, као и да се ослободите од црвенило и подочници.
За таа цел треба во една чаша топла вода или чај да ставите една лажичка сода бикарбона. Потопете парче вата во оваа смеса и оставете да стои под очите 10-15 минути. Потоа измијте се вода и избришетее се со пешкир. Резултатот ќе ве воодушеви.
За пилинг на усните направете смеса од мед и сода бикарбона и со него намачкајте ги усните. По пет минути измијте со топа вода. Усните ќе ви бидат меки и нежни.
Сода бикарбона нанесете на влажно лице и оставете да дејствува 10тина минути. Потоа измијте се, со парче вата нанесете лимонов сок и не го мијте. Ова се препорачува за еднаш неделно за да имате совршен тен.
Ако мачите мака со митесери подгответе гел со сода бикарбона. Во гел за миење лице ставете лажичка сол и лажичка сода бикарбона. Добиената смеса нанесете ја на лицето да дејствува пет минути. Измијте се и избришете се со пешкир. Кожата ќе ви биде мека и мазна.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.