Солени стапчиња

500 г брашно
250 мл млако млеко
120 мл масло
1 кесичка сув квасец
1 1/2
лажичка сусам, ким, крупна сол
1 јајце
малку сусам или ким, и крупна сол за наросување
Замесете тесто од сите состојки и оставете го да стасува 40-тина минути. Потоа со рака кинете топчиња со големина на орев. Со оваа мерка излегуваат точно 40 топчиња. Секое топче покријте го со најлонска фолија и со сукалка расукајте тенка тркалезна кора. Тргнете ја фолијата и свиткајте кифла. На истиот начин подгответе ги сите кифли. Наредете ги во тава прекриена со хартија за печење.
Премачкајте ги со изматеното јајце и наросете ги со ким или сусам и крупна сол. Печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.