Сопругата го запалила каминот, а сопругот таму криел 20.000 евра!

Бизарен случај се случи во Рим, откако Италијанец одлучил, без да ѝ каже на сопругата, да си ја сокрие заштедата – обврзници во износ од 20.000 евра во каминот, бидејќи мислел дека тоа е безбедно место коешто крадците никогаш нема да го пребараат.

Меѓутоа, она што го превидел е дека жената може да реши да го запали каминот…

– Мојата сопруга не знаеше дека јас ги бев сокрил (парите) таму. Секоја година, пред да го запалиме огнот, ги преместувам парите. Сега, кога ги видов пламените јазици, ќе се онесвестев, раскажува несреќниот Марио.

Според него, не очекувал каминот да се запали уште неколку дена, со оглед на тоа што температурата во Рим не бара дополнително греење. Но, сопругата решила малку порано да создаде божиќно-новогодишна атмосфера…
Кога сопругот ѝ кажал што има во каминот, било предоцна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.