СОПРУГАТА ГО ОСТАВИ, набрзо се се промени: ПОСЛЕ 18 МЕСЕЦИ на ЛОТАРИЈА ОСВОИ 71 МИЛИОН ЕВРА

Открил дека сака да ги потроши парите на нова куќа со базен, џакузи и персонал кој ќе се грижи за него, како и патувања, спортски настани и четири нови автомобили…

Само 18 месеци откако сопругата го напуштила, Аде Гудчајлд освои 71 милион евра на лотаријата EuroMillions.

Иако ја освоил 15-та најголема награда во британската историја, а таа морала да работи две работни места за да преживее, неговата поранешна сопруга Сузана тврди дека не се кае.

Кутрата со години беше незадоволна од него бидејќи стана многу себичен. Таа го трпеше долго време, но потоа зовре. Тој не сакаше да им помага со задолженија низ куќата и градината, па дури и да ги шета нивните кучиња. Таа и по разводот мораше да се враќа секој ден за да ги изнесе на прошетка – рекла нејзината мајкa.

Гудчајлд тврди дека тој и неговата поранешна сопруга остануваат во добри односи и дека не се во никаков вид на конфликт.

-Кога и кажав дека освоив 71 милион евра, не ми веруваше бидејќи знае дека сакам да се шегувам – рекол тој.

Откриено дека сака да ги потроши парите на нова куќа со базен, џакузи и персонал кој ќе се грижи за него, како и патувања, спортски настани и четири нови автомобили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.