Сопственикот на „Урбан инвест“ дал 15 000 евра на рака за партијата, по наредба на Јанакиески и Божиновски – случај ТАЛИР.
Бидејќи Груевски е во бегство во Унгарија, му се суди во отсуство.
Јован Грков, сопственик на кавадаречката компанија „Урбан инвест“ во денешното сведочење пред судот за случајот Талир, (незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење пет милиони евра), сведочеше дека лично од обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски пред избори добил наредба да даде 15 илјади евра.
Во случајот обвинети се поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која ја призна вината и поради тоа доби условна казна.
Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе. Тие се обвинети за кривично дело незаконско финансирање правно лице – политичка партија“.
Повеќе за случајот ТАЛИР подолу:
Грков потврди дека за возврат добивал тендери за градежни активности од Град Скопје и од други општини. – Некаде пред изборите добив СМС порака од Марјан, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Центар. Ми пиша дека треба да отидам во Владата. Во посоченото време отидов, ми кажаа пред која канцеларија да отидам. Почекав, ме викнаа Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Состанокот траеше кратко, ми рекоа имам обврска да дадам 15.000 евра. Ми рекоа на лицето Марјан да му ги предадам. Не ми кажаа зошто треба да ги дадам парите. По неколку дена му ги дадов тие 15.000 евра на Марјан. Му ги дадов на рака. Потврда, документ не добив од Марјан за парите што ги дадов – изјави денеска на рочиштето Грков.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.