4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
1 чаша мелени ореви
1 чаша брашно
250 г гриз
1 прашок за печиво
500 г шеќер за шербет
600 мл вода за шербет
2 кесички шлаг од ванила за украсување
100 г мелени ореви за украсување
Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете масло, млеко, мелени ореви, гриз, брашно и прашок за печиво. Смесата добро измешајте ја и ставете во намрсен и набрашнет калап со големина 20х35 см. Печете 30 минути на 180 степени.
За тоа време направете шербет. Во сад ставете шеќер и вода да врие 2-3 минути. Со топлиот шербет прелијте го печениот колач и оставете да се излади.
Шлагот изматете го, премачкајте го колачот, па наросете го со мелени ореви.