Сочно пилешко со компири и јогурт

Потребни состојки:
500 gr пилешко бело месо
1 kg компири
3 лажици масло
1-2 главици кромид
4-5 чешниња лук
лажичка сол
бибер
сув зачин
½ лажичка оригано
500 ml јогурт
3 јајца
3 лажици брашно
1 црвена пиперка
1 домат

Подготовка:
Исечкајте ги компирите и зеленчукот на тенки парчиња. Исечете го месото на коцки. Потоа во подлабоко тавче ставете го кромидот да се пржи, а кога ќе се издинста додадете го пилешкото. Посолете и побиберете, а ако имате додадете и зачин за пилешко. Во месото додадете ја пиперката и пропржете уште малку. По неколку минути додадете ги компирите. Потоа ставете го сувиот зачин и ориганото и оставете уште малку да се пропржи. Потоа ставете сè на плех и одозгора наредете ги исечените домати.
За преливот со јогурт: Изматете ги јајцата, додадете ги брашното и јогуртот. Сето тоа убаво соединете го, па посолете и побиберете. Потоа прелијте го пилешкото со смесата.
Вклучете ја рерната на 220°C и покријте го садот со фолија, а потоа ставете го во рерната. По 20 минути извадете ја фолијата и оставете да се допече уште 10 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.