Овој необичен пар тврди дека веќе со години живее само од овошје, а поради љубовта кон природната храна, тие се запознале и вљубиле еден во друг.
Тина Стоклоса од Полска веќе три години се храни само со овошје, поради својата исхрана вели дека понекогаш се чувствува “хај” и никогаш не би се вратила на стариот начин на живот. Оваа 39-годишна архитектка прв пат ја испробала овошната диета пред пет години, но иако веднаш забележала позитивни резултати, ѝ било тешко да се придржува до таквиот режим поради искушенијата да јаде по ресторани. Затоа, таа пред три години ги спакувала куферите и се преселила на Бали со цел потполно да му се посвети на новиот животен стил.
“Патев од прекумерна телесна тежина целиот свој живот. Имав успешна кариера, но 36 години бев сама”, вели Тина која на Бали ја пронашла љубовта на својот живот, вереникот Симон Беун.
Парот дневно консумира помеѓу 2000 и 4000 калории, што понекогаш вклучува и до 30 банани во еден ден, додека во замена за пијалаци користат само кокосова вода, пренесува “The Sun”.
“Веќе во првата недела од ваквата исхрана се чувствував лесно, оптимистично па дури и “хај”. Лебдев над тлото и чувствував љубов кон се’. Оваа диета е вредна, како за умот, така и за телото”, раскажала воодушевената Данка и додава дека предностите од ваквата исхрана е безбројни – од губење на тежината, зголемен квалитет на сонот и количината на енергијата, па сe’ до поврзување со природата, со себе и со другите луѓе.
Иако со внесот на големата количина овошје во телото се внесуваат и многу шеќери, Тина и Симон признале дека не ги мијат забите веќе две години, верувајќи дека природно ги чистат со влакната со кои изобилува диетата.