Со пасош со старото уставно име се појавивме на српско-хрватската и на српско-унгарската граница


Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 29 февруари 2024 г. на МРТ 1

Во ова издание донесуваме:

-Тргнавме со стар пасош кон Хрватска и Унгарија за да провериме – дали во Шенген-зоната пуштаат со Република Македонија;

-Проблемите на патот за собирање десет илјади потписи за кандидатура за шеф на државата – во земја со 80 општини, ДИК има само 35 канцеларии;

-Наместо со свои вработени, Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони ангажира приватни фирми за следење на странските инвестиции и исплатата на државна помош – колку е оправдано да се ангажираат приватни ентитети наместо да се развиваат државни институционални капацитети;

-Да престане праксата на доделување на децата на само еден родител по развод – барање на паталци за воведување на родителство 50:50;

-Нова „Саботажа“.

Извор

Пронајдете не на следниве мрежи: