Со 100 евра поткупувал за да положи на возачки испит

Loading...

Со 100 евра поткупувал за да положи на возачки испит

МВР Кочани поднесе кривична пријава против 43-годишниот И.Д. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

На 29.07.2020 во кругот на „Здружение на возачите“ во Кочани, пред закажан термин за полагање на возачки испит за Ц – категорија, во товарно возило сопственост на авто школа, пријавениот, на службените лица, при приложување на документи за лична идентификација, им дал и банкнота во апоени од 100 евра, со цел истите да му овозможат да го положи возачкиот испит.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...