Процесот на слабеење е често напорен, но стручните совети се секогаш корисни.
Личниот тренер Кит МекНивен откри едноставна тајна за здраво и ефикасно слабеење – тој предлага да го вклучите спанаќот во секој оброк.
„Спанаќот е полн со витамини и минерали што го прави многу здрав и е одличен за оние што сакаат да ослабат бидејќи е многу заситувачки, но има многу малку калории“, рече тој.
Исто така, богат е со влакна кои придонесуваат за здраво варење. Се верува дека го намалува оксидативниот стрес кој може да ги оштети клетките, да придонесе за стареење и потенцијално да доведе до болести како што се дијабетес, рак и Алцхајмерова болест.
Оваа суперхрана, исто така, може да помогне во контролата на големиот апетит и да придонесе за чувството на ситост. Сепак, иако МекНивен препорачува додавање спанаќ во секој оброк, тој советува да се држите до не повеќе од 60 грама дневно.
„Прекумерното консумирање спанаќ може да го спречи вашето тело да апсорбира калциум, што е лошо, а исто така може да попречи и со одредени лекови бидејќи е богат со витамин К. Особено внимателни треба да бидат луѓето кои земаат лекови за дијабетес и го намалуваат крвниот притисок“, заклучуваат тренер.