Спасовски: Проблемот со Законот за бранители се вика Африм Гаши

СДСМ нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите за неколку министри затоа што сметаме дека нема потреба од нови поделби по етничка основа, и во однос на интерпелациите, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Според него, причините за интерпелациите не смееле во ниту еден случај да бидат поврзани со етнички контекст, туку единствено со аргументи и факти околу работата на одреден министер или функционер.

-Немаме ниту еден збор во интерпелациите зошто не се преземаат мерки за нечистиот воздух и непреземањето иницијативи на минситерот за екологија, немаме ниту еден збор за скандалите на косовската граница и бегствата на Рамадани и Груби, нема ниту збор за партиската чиста во безбедносниот сектор и отпуштањето на професионалците, нема ниту збор зошто е амнестиран бодигардот на Мицкоски…, рече меѓу другото Спасовски.

-Сето ова говори дека намерите се поинакви и отворање на нови димензии во однос на етничките прашања, додаде пратеникот.

Околу интерпелацијата за пратеничката Илире Даути поднесена од Левица, во однос на предлог-законот за бранители, Спасовски вели дека нема да биде решение на проблемот, бидејќи, според него, проблемот се вика Африм Гаши.

-Не е никој друг виновен. Кога законот не беше ставен на седница на Комисијата, претседателот по Деловникот е должен да овласти друг член на Комисијата и да се закаже седницата со точката на дневен ред. Вистинската одговорност и лице е Гаши, Интерпелацијата на претседател на собраниска комисија, која е дел од парламентарната група, нема да донесе ништо, истакна координаторот на пратеничката група.

-Кога поднесовме Закон за правата на бранителите, сите излегоа и рекоа дека ова ќе ги подигне меѓуетничките односи. Не сакаме да учествуваме во нешто што сме го граделе со години, а сега да разговараме за теми со друга позадина. Не е вистинската позадина рушење на неколку министри во Владата, додаде Спасовски за интерпелациите.

Пронајдете не на следниве мрежи: