СРБИН КУПИЛ УКРАДЕНА ИКОНА ОД БИТОЛА ПОРАДИ КОЈА НЕ МОЖЕЛ ДА СПИЕ – КОГА ЈА ВРАТИЛ ВО ЦРКВА СЕ СЛУЧИЛО ЧУДО

Икона посветена на Богородица од 1748 година, која според мотивите се нарекува „Достојна ест“, првпат била насликана во светогорските манастири.

Таа икона била украдена пред неколку децении од црква во Битола, по што преку шверцерски пат и криминални канали, завршила кај еден колекционер во Белград.

СРБИН КУПИЛ УКРАДЕНА ИКОНА ОД БИТОЛА ПОРАДИ КОЈА НЕ МОЖЕЛ ДА СПИЕ – КОГА ЈА ВРАТИЛ ВО ЦРКВА СЕ СЛУЧИЛО ЧУДО

Откако ја набавил, немал мирен сон. Иконата на Мајката Божја често му се јавувала на сон молејќи го да ја врати тамо од каде што е украдена.

Колекционерот веќе не можел да издржи, па стапил во контакт со владиката Петар и понудил да му ја врати иконата, но под еден услов- да не биде пријавен во полиција.

„Му ветив и по цена на својот живот дека нема да го пријавам во полиција доколку ја врати иконата. И други чуда се случувале, а и сега се случуваат, но за нив нема да зборуваме, можеби наредните години.“- изјавил владиката Петар.

Откако била реставрирана, таа сега се наоѓа во црквениот храм Пресвета Бгородица во Битола, а за чудата, како што вели владиката, уште долго ќе се зборува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.