Српски државјанин бил фатен додека краде во црквата „Св. Недела“ во Битола.
– Денеска (26.06.2023) од страна полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишен од слобода бил Н.М.(36) од Р. Србија, соопштија од МВР.
Како што информира МВР, тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.