Србите шокирани од нивните грчки „браќа“!

Навивачите на атински АЕК синоќа на мечот со Ајакс од Лига Европа, истакнаа транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“, и ги шокираа Србите, кои пишуваат за мега скандал и дека добиле нож во грб од нивните „браќа“.

Србите шокирани од нивните грчки „браќа“!

Имаше шпекулации дека транспарентот го истакнале навивачи на АЕК од албанско потекло, но потоа тоа е негирано и се тврди дека било дело на Грци. Има и шпекулации дека ова знаме е украдено од некои албански навивачи.

Пред само неколку месеци, на трибината со најжестоките фанови на АЕК имаше транспарент со навреда кон Албанија, па ова синоќа е пресврт за 360 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.